ПОЧЕТНА АБА Олимпијакос лета и од Евролига?

Олимпијакос лета и од Евролига?

сподели
euroleague.net

Пирејската екипа се соочува со најтурбулентниот период во своето постоење и се наоѓа пред историски момент, затоа што може да се случи да доживее уште еден шок, овојпат во елитната лига во која што се натпреварува и која што е првото нешто кон кое што се стремат европските гиганти.

По пријава на Асоцијацијата на кошаркарите, Евролига ќе ги чешла финансиите во Олимпијакос. Ако се утврди вина, ќе следи казна, можно ли е да се случи и елиминација од понатамошно натпреварување?

Наводно, грчкиот тим не ги исплаќал редовно, платите на играчите. Олимпијакос веќе е исфрлен во втората лига каде што се најде затоа што одби да игра на два меча сезонава, против Панатинаикос. Упати барање за влез во АБА лигата, кое што на прва не беше прифатено.

Црвено-белите се една од најуспешните екипи во поновата историја на Евролига, тие се првиот тим што успеа (2012-13) да ја одбрани титулата по Макаби (2004-05), а воедно се и редовни учесници во завршницата (елиминациите или фајнал-форот) во повеќе сезони последнава деценија.