ПОЧЕТНА Евролига Олдскул пресметката за Панатинаикос, ЦСКА финишира шампионски

Олдскул пресметката за Панатинаикос, ЦСКА финишира шампионски

сподели
euroleague.net

Во дуелот на Евролига титаните, ПАО славеше дома против Барселона со 76:70. Грците водеа од почетокот до крајот, но дуелот беше неизвесен до последните секунди. Двете екипи имаат по 5 победи и по три порази.

ДеШон Томас го предводеше победникот со 14 поени, Ник Калатес имаше 12 асистенции. Кајл Куриќ имаше 17 поени за поразената екипа.

euroleague.net

ЦСКА надополни 9 негатива во последните 3 минути, постигнувајќи 15 поени, а потоа славеше во продолжението со 99:97, против Жалгирис. Екипата од Москва има 16 домашни победи во низа, со рекордни (во Евролига) 17 победи во продолженијата.

Аплицирајте веднаш за

Кај руската екипа се истакна Серхио Родригез со 24 поени и 6 асистенции, Кори Хигинс имаше 23, а Вил Клајбурн (кој што ги погоди победничките слободни) имаше 15 поени со 13 скока.

euroleague.net

Армани триумфира против Басконија со 93:90, Владимир Мицов имаше 22 поена за победникот. Мајк Џејмс додаде 20 поени со 8 асистенции, а на спротивната страна Поире (10 скока) и Џенинг имаа по 18 поени.

Химки очекувано славеше против Будуќност со 85:69. Тоа беше втора победа сезонава за руската екипа, а црногорската го регистрира семдиот пораз. Алексеј Швед имаше 22 поена за победникот, Ерл Кларк имаше 19 кај поразените.

euroleague.net

На табелата, водат Реал Мадрид и ЦСКА Москва со по 8 победи, без пораз. Следува Фенербахче, со еден пораз во осум меча.

На дното на табелата се Макаби, Будуќност и Дарушафака, со по една победа и по седум порази.

euroleague.net

Дерби пресметката на деветтото коло во елитното европско кошаркарско натпреварување, е соочувањето меѓу Олимпиајкос и Реал Мадрид, во Пиреја (19:45 часот).

Останатите двојки од првиот натпреварувачки ден во деветтата рунда (22.11.2018) се Дарушафака – Анадолу Ефес, Макаби – Фенербахче и Гран Канарија – Баерн Минхен.