ПОЧЕТНА НБА Оклахома победи, ама никој не е среќен

Оклахома победи, ама никој не е среќен

сподели

Петти триумф во низа за екипата на Тандер, но цената за неа беше многу скапа.

Оклахома остана без својот најдобар играч Расел Вестбрук кој доживеа тешка повреда на дуелот со Њу Орлеанс. Тој го напушти теренот во третата четвртина со повреда на левиот скочен зглоб заработена при еден одбранбен скок.

Прегледите покажаа дека не е толку страшно за Вестбрук да го пропушти остатокот од сезоната, но јасно е дека ќе биде надвор од екипата неколку недели. Во текот на денот се очекува точната дијагноза.

Аплицирајте веднаш за

„Тој има прилично висока толеранција на болка, па знаев дека е нешто сериозно кога почна да вика. Се надевав дека не е коленото кое му беше повредено порано, па можеме да кажеме дека ова е среќна околност”, изјави неговиот соиграч Пол Џорџ.

Оклахома го победи Њу Орлеанс со 122:116 и сега има биланс 5-4, но допрва ќе се види како ќе изгледа екипата без својот најдобар играч.