ПОЧЕТНА НБА Оклахома е скоро на работ на елиминација, во првата рунда

Оклахома е скоро на работ на елиминација, во првата рунда

сподели
фото: Blazers

Блејзерс поведоа со 2:0 во соочувањето со Тандер, по победата од 114:94. МекКалум, кој што пропушти 10 меча во финишот на регуларниот дел на сезоната поради проблеми со коленото, имаше 33 поени за победникот.

Лилард имаше 29 поени, за Блејзерс кои што прв пат по 2014-та имаат две победи на стартот на доигрувањето. Вестбрук имаше 14 поени, со 11 асистенции и со 9 скока, а Џорџ имаше 27 поени кај поразените.