ПОЧЕТНА Некатегоризирана Од сенките на северот, до височните на кошарката: Репторс владеат со светот!

Од сенките на северот, до височните на кошарката: Репторс владеат со светот!

сподели
фото: Raptors

Не постои живо суштество на планетава што можеше да предвиди дека екипата од Торонто, на крајот на оваа сезона, ќе се искачи на тронот на НБА лигата. Со вкупни 4:2, по победата 110:114 на теренот на Голден Стејт, двојниот владетел мораше да ја предаде круната.

Најдобар играч на финалната серија е Кави Ленард, кој што имаше 22 поена на последниот меч. Сиакам и Лаури имаа по 26, ВанФлит регистрира 22, Ибака имаше 15. Томпсон, кој што имаше 30 поени, се повреди кај Вориорс, Игудала имаше 22, а Кари постигна 21 поен.