ПОЧЕТНА ЕВРОПА Од Дражен би земал се, тој не промашуваше

Од Дражен би земал се, тој не промашуваше

сподели

Во гостувањето во една емисија на Колгадос дел Аро, каналот на Youtube, словенечкиот репрезентативец изјави дека негов идол е Дражен Петровиќ и дека од предвреме починатиот кошаркарски Моцарт би земал се, особено шутот за три поени.

„Дражен Петровиќ бил неверојатен играч. Спектакуларен. Сите што го познавале велат дека бил добар и како човек. Тој не промашуваше за три поени и тоа е она што јас би го земал од него. Секогаш верувал дека човек може да биде подобар и многу време им посветувал на тренинзите.“

Лука Дончич најверојатно следното лето заминува во НБА лигата, му се предвидува висока позиција на драфтот, а има свој идол и од најквалиеттната кошаркарска лига на светот:

„Не сакам споредби, но кога би морал да бирам ќе го изберам Леброн Џејмс. Тој е подобар од Стеф Кари пред се затоа што е посилен и затоа што може да направи што сака на теренот.“