ПОЧЕТНА НБА Одмазда на Кралот, одлична ноќ за Ембид и Дејвис

Одмазда на Кралот, одлична ноќ за Ембид и Дејвис

сподели
lakersnation.com

Леброн Џејмс постигна 24 поени со 10 скока и со 9 асистенции, Кајл Кузма во последните минути реализира 6 од неговите вкупно 21 поен, за триумф на Лејкерс против Минесота со 114:110.

Џош Харт додаде 21 поен, Брендон Инграм имаше 20, во реваншот за поразот пред 9 дена на теренот на Тимбервулфс.

Донован Мичел се врати во составот на Јута по повредата и паузата од еден меч, постигна 23 поена со 7 асистенции и со 5 скока.

Аплицирајте веднаш за

Јута победи против Далас со 117:102, екипата на Маверикс имаше 25 загубени топки кои што Џез ги искористија да постигнат 31 поен. Лука Дончиќ постигна 24 поени за поразените.

Џоел Ембид ја предводеше Филаделфија до триумф против Индијана со 100:94, постигнувајќи 20 поени со 10 скока, за првата победа на гостински терен сезонава.

Резултати на 8-ми ноември (ESPN)

Дејвис постигна 32 поена со 15 скока и со 4 блокади, во победата на Њу Орлеанс против Чикаго со 107:98, со што Пеликанс ја прекинаа серијата од 6 порази.

По полноќ, се играат четири интересни средби: Оклахома – Хјустон, Голден Стејт – Милвоки, Феникс – Бостон и Портланд – Клиперс.