ПОЧЕТНА Интернационалци Одлична партија на Димитријевиќ, Хувентуд заборавил како е да се победи

Одлична партија на Димитријевиќ, Хувентуд заборавил како е да се победи

сподели

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ забележа еден од своите најдобри настапи оваа сезона, но не му помогна на Хувентуд да дојде до победата.

Барселона славеше во каталонското дерби со 91:79 оставајќи го тимот од Бадалона во зоната за испаѓање со само четири победи во 18. кола. Тоа беше седми пораз по ред за Хувентуд кој последен пат славеше на 17 декември 2017 против Сарагоса на домашен терен.

Димитријевиќ на теренот помина 14 минути и постигна 11 поени (5/6 за два, 1/1 од линијата за слободни фрлања) што е речиси двојно повеќе од неговиот просек оваа сезона кој изнесува 5,9.