ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ОДИМЕ ВО А-ДИВИЗИЈА!!!

ОДИМЕ ВО А-ДИВИЗИЈА!!!

сподели

Кадетската репрезентација на Македонија го освои третото место на Европското првенство Б-дивизија во Сараево.

Во натпреварот за бронзениот медал, нашите кошаркари ја совладаа Чешка со 84:66 и ја крунисаа одличната игра прикажана на целиот шампионат. Во клучниот меч, македонската селекција ги извади последните атоми од силите, одигра извонредно и заслужено стигна до уште еден триумф.

Аплицирајте веднаш за

По релативно израмнетото прво полувреме, се беше решено во првите шест минути од третата четвртина во кои нашиот тим направи серија од 16:0 и поведе со 57:37. Нешто подоцна поведе и со највисоките 69:41.

Чешката селекција до крајот на третиот период успеа да намали нешто од високата негатива, но не и да ја загрози победата на Македонија. Последните десет минути беа само рутина за нашите кошаркари.

Повторно најдобар играч во македонската репрезентација беше Марко Миловановиќ со 23 поен и 14 скока. Андоновски додаде 15 поени и девет скока.

По долго време, односно по 12 години, една наша младинска селекција обезбеди настап во А-дивизија. „Планот У-16“ на МКФ веќе почна да дава резултати.