ПОЧЕТНА Европски лиги Овие не се шегуваат: Милионска понуда од Виртус за Теодосиќ

Овие не се шегуваат: Милионска понуда од Виртус за Теодосиќ

сподели
фото: Starsport

Капитенот на српската репрезентација навистина би можел да влезе во редот на кошаркари од неговата татковина кои го облекле дресот на еден од најславните италијански клубови.

Виртус, чиј тренер е селекторот на „орлите“ Александар Ѓорѓевиќ, испратил понуда од 2,3 милиони евра за двегодишен договор со Милош Теодосиќ. Во првата сезона би заработил 1,1, а во втората 1,2 милиони евра.

Искусниот плејмејкер е без клуб од февруари кога го раскина договорот со Лос Анџелес Клиперс по што донесе одлука да се одмори до крајот на сезоната.

Оттогаш одигра само два натпревара за српската репрезентација, против Естонија и Израел во квалификациите за Светското првенство во Кина.