ПОЧЕТНА Интернационалци Овации за Ѓуроски на дебито за Хуеска

Овации за Ѓуроски на дебито за Хуеска

сподели

Одличната форма од настапите за македонскиот национален тим во претквалификациите за ЕП 2021, Стојан Ѓуроски ја потврди и на првиот натпревар за својот нов клуб.

На стартот од шпанската Втора лига, Хуеска изненади со победата против Бетис со 92:84. Тимот од Севиља, чиј член пред две години беше Војдан Стојановски, е еден од фаворитите за највисок пласман во оваа конкуренција, но на почетокот наиде на непремостлива пречка.

Аплицирајте веднаш за

 

Бетис го почна натпреварот со 17:3, но тогаш почна шоуто на Ѓуроски. Нашиот кошаркар погоди пет тројки од пет обиди и беше најзаслужен за пресвртот, а потоа беше прогласен и за најдобар играч.

Дуелот го заврши со 21 поен, четири скока и една асистенција и индекс 17. Пред крајот на натпреварот, доживеа и стоечки овации од навивачите кои на тој начин му честитаа за фантастичното издание.