ПОЧЕТНА Балкански лиги Обрадовиќ vs Атаман – втора рунда!

Обрадовиќ vs Атаман – втора рунда!

сподели

Војната што почна по меѓусебниот дуел во турското првенство, Ергин Атаман и Жељко Обрадовиќ ја продолжија на прес-конференцијата пред завршницата од националниот Куп.

Градските ривали Фенербахче и Анадолу Ефес ќе играат меѓу себе во четвртфиналето, па нивните тренери се најдоа на исто место во најавата за тој дуел. Новинарите ги интересираше дали ќе се ракуваат откако на првенствениот дуел не го направија тоа.

„Ќе зборуваме на теренот. Јас не учествував во приказната. Тренер сум 26 години, не само во Турција, туку низ цела Европа и секогаш на сите сум им укажувал респект и така ќе продолжам.

Но, ако некој не ме почитува, не го почитувам ни јас него. За мене оваа приказна е завршена”, изјави Обрадовиќ.

Атаман не сакаше да попушти, не го спомна името на тренерот на противничката екипа, но се чувствуваше дека ја смирува тензијата.

„Реков што имав, тренерот на Фенербахче кажа дека нема коментар, немам ни јас. Оваа тема е затворена“, рече Атаман.

Аплицирајте веднаш за

Со натпреварот меѓу Фенербахче и Анадолу Ефес почнува завршницата од Купот на Турција. Таму ќе биде и Банвит предводен од Сашо Филиповски и Бобан Митев, а за противник во четвртфиналето ќе го има Бешикташ.