ПОЧЕТНА Евролига ОБРАДОВИЌ ЏЕНТЛМЕНСКИ: Ова не е нормален резултат

ОБРАДОВИЌ ЏЕНТЛМЕНСКИ: Ова не е нормален резултат

сподели
фото: Fenerbahce

Стратегот на Фенербахче, покажа голем респект за противникот иако неговата екипа победи со 76:43 во првиот четвртфинален меч, во елиминацискиот филтер за пласман на Ф4 турнирот во Вторија.

Жељко Обрадовиќ ја водеше екипата против некогашниот свој пулен од Панатинаикос, со кого триумфира во Евролига, Шарунас Јасикевичиус кој што седи на клупата на Жалгирис.

„Не го очекувавме ова, но резултатот не е битен, нема нзачење дали сме победиле со 1 разлика или со повеќе, важно е што водиме со 1:0.

Понекогаш се случуваат и вакви мечеви, но противникот има одлична и талентирана екипа. Треба да заборавиме на овој резултат, мора да се подготвиме за следниот натпревар.“ – рече Жељко Обрадовиќ.

Првите два дуела од оваа серија се играат во Истанбул, а за пласман на завршниот турни се потребни три победи.