ПОЧЕТНА Евролига Обрадовиќ на чело на новата тренерска унија во Евролига

Обрадовиќ на чело на новата тренерска унија во Евролига

сподели

Трофејниот, односно најтрофејниот европски тренер, ќе застане прв во редот на еднаквите, на телото што ќе ги брани интересите на оваа структура на спортски работници во елитната лига.

Пабло Ласо е потпретседател, црногорскиот спортски работник Горан Шашиќ е извршен директор на телото.

„Многу тренери, сезонава беа отпуштени од работа. Со оваа организација, сакаме да се заштитеме и ние, но и да ја заштитиме Евролига.

Сакаме сите да имаат взаемна почит, ова е голем чекор кон подобра иднина на европската кошарка.“ – рече Обрадовиќ.