ПОЧЕТНА Евролига Обрадовиќ и Атаман се во центарот на вниманието!

Обрадовиќ и Атаман се во центарот на вниманието!

сподели

Стратезите на двата турски тима, во историското турско полуфинале на завршните турнири, што е прв случај две екипи од оваа земја да се пласираат на фајнал-фор разврските за титулата во Евролига, се посочени како главни протагонисти во двобојот што се очекува да биде безмилосен.

euroleague.net

Фенербахче ќе игра без Ловерњ и Датоме, кои што се повредени, а Јан Весели и Никола Калиниќ се под знак прашалник. Кај Анадолу нема повредени, екипата е комплетна и гладна да докаже дека присуството во шпанскиот град, не е случајно.

Обрадовиќ и Ергин Атаман

Во досегашните соочувања сезонава, двата тима имаат по три победи, а во единствената за титула победи Фенер – во финалето на Купот на Турција. Сите очи се вперени кон српскиот и турскиот тренер, кои што се главните мотиватори на тимовите и главни „виновници“ за пласманот во Виторија.