ПОЧЕТНА Некатегоризирана ОБРАДОВИЌ: Жал ми е за моите играчи

ОБРАДОВИЌ: Жал ми е за моите играчи

сподели
euroleague.net

Најтрофејниот европски стратег беше потиснат од поразот во полуфиналето на завршниот турнир, од градскиот ривал Анадолу Ефес со 73:92, истакнувајќи дека тоа не е вистинската слика за неговата екипа и за она што Фенербахче го покажа во текот на сезоната:

„Се обидувам да сфатам што се случи со мојата екипа. Жал ми е за играчите. Нашата одбрана не беше на висината на задачата. Сезонава игравме многу добро, затоа овој пораз не боли многу.

Ако почнам да зборувам за повредените играчи, ќе изгледа како да барам алиби за поразот. Игравме долго време без истите повредени имиња. Затоа и ми е жал за поразот, не покажавме што знаеме и умееме.“ – рече Жељко Обрадовиќ.