ПОЧЕТНА Евролига Обрадовиќ е подеднакво добар како и Фил Џексон и Пет Рајли

Обрадовиќ е подеднакво добар како и Фил Џексон и Пет Рајли

сподели

Американскиот тренер кој што беше своевидна бомба на пазарот со потписот за грчката екипа Панатинаикос, во една реченица го изнафали српскиот колега кој што го предводи Фенербахче.

Се што прават неговите екипи е фундаментално одлично, во тоа е тајната на големите тренери, рече Рик Питино, за Обрадовиќ.

Го вбројувам меѓу најголемите тренери во историјата на кошарката, продолжи новиот предводник на грчката екипа, каде што своевремено Србинот беше повеќе од Зевс.

Аплицирајте веднаш за

Фенер го растури Панатинаикос со 85:66, во рамките на 22-то коло во Евролига и ја потврди лидерската позиција во елитната европска лига.

Се погласни се најавите за формирање европска НБА дивизија, неколку години наназад се подготвува терен за такво нешто, а долги децении се спомеунва и можноста Обрадовиќ да преземе една НБА екипа.

Жоц е најтрофејниот европски стратег, со 9 титули освоени во 11 финалиња во најпрестижната лига на Стариот континент.