ПОЧЕТНА ЕВРОПА Обрадовиќ ги искара навивачите и го истакна лидерот на екипата

Обрадовиќ ги искара навивачите и го истакна лидерот на екипата

сподели

Легендата на европската кошарка неколку пати сезонава ја прозиваше публиката на Фенербахче, истакнувајќи дека вистинските љубители на кошарката треба да доаѓаат в сала на секој натпревар.

Лесно е да се соберат 13.000 гледачи против Барселона, ни треба полна арена и против Будуќност и само тоа ќе биде вистинска победа, беа зборовите на српскиот тренер Желимир Обрадовиќ.

Според најтрофејниот стратег на Стариот континент, вистинскиот лидер сезонава е Костас Слукас кој што постигнува витални поени и ја води екипата во фрагилните моменти од големите натпревари.