ПОЧЕТНА Евролига ОБРАДОВИЌ: Во НБА не ги ценат европските тренери, а погледнете што им...

ОБРАДОВИЌ: Во НБА не ги ценат европските тренери, а погледнете што им испраќаме

сподели

Српскиот стратег, секоја сезона, кога ќе дојде време за финалниот турнир во Евролига, на кој што најчесто учествува со своите екипи, е исправен пред едно големо прашање – Зошто никогаш не замина во НБА лигата?

Жељко Обрадовиќ е познат како агресивен и емотивен тренер на теренот, а одличен пријател со играчите вон паркетите. На прв поглед, неговиот темперамент и НБА лигата, не одат заедно. Но, има друг мотив.

euroleague.net

„Игор Кокошков е таму 20 години. Му дадоа шанса, но само една сезона. Години наназад, слушаме за европските тренери во НБА лигата. Еторе Месина е таму, само како асистент. Сега се зборува и за Јасикевичиус.

FIBA

Не гледам, според прикажаното, дека во НБА лигата им се верува на европските тренери. Но, тоа е избор на НБА лигата. Во овој момент има многу европски стратези кои што се во САД, но само како асистенти.

ClutchPoints

Ќе ги земам за пример Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо. НБА лигата знае дека Евролига може да и помогне, и тоа многу, но сепак нема доверба во европските тренери.“ – рече Обрадовиќ, за порталот eurohoops.net.