ПОЧЕТНА Избор на уредникот Нов сателит во срцето на Скопје

Нов сателит во срцето на Скопје

сподели

Стартува претстојната 3х3 сезона во Македонија, а воведниот турнир е билет за големата сцена. Победникот на Satellite Skopje 2K19 ќе добие прилика да се натпреварува на повисоко ниво, на челинџер турнирот во Франција.

Во Скопје ќе учествуваат 16 екипи од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово и Бугарија. Според претходните искуства, тоа ќе биде викенд за уживање и мерак за љубителите на уличниот баскет, организиран под капата на ФИБА.

„Колку сме напреднале претходните нецели две зезони и колку се ценети нашите турнири, зборува податокот што на првата објава за Сателитот во нашата престолнина, веднаш се јавија 25 екипи.

Момент од минатогодишниот турнир, на истото место.

Квалитетот ја прави селекцијата, па решивме да ги поканиме најдобрите 16.“ – ни изјави Дараган Караџовски, првиот човек на Здружението 3х3 Македонија.

Ова ќе биде втор Сателит турнир на нашата територија, а по стартниот викенд на 8-ми и на 9-ти јуни во Skopje City Mall, следува и низа турнири со кои што ќе биде одбележана сезоната во Република Македонија.