ПОЧЕТНА Некатегоризирана Нов пораз на Лејкерс, Селтикс победија во финишот

Нов пораз на Лејкерс, Селтикс победија во финишот

сподели

Леброн Џејмс постигна 31 поен и се искачи на четвртата позиција на вечната листа на стрелци во НБА лигата, но екипата од ЛА загуби од Денвер со 99:115 и паѓа се подлабоко во бездната која што ги оддалечува Лејкерс од плеј-офот.

Нагетс ја прекинаа низата од 3 порази, а домашните врзаа четири, односно имаат осум порази на последните 12 одиграни натпревари.

Бостон славеше кај Сакраменто со 109:111, Гордон Хејворд за малку ќе го чинеше својот тим пораз, кога го фаулира Бади Хилд на шут за три поени.

Потоа, ѕвездата на Селтикс која што сезонава се врати по страшната повреда на ногата минатата, го погоди победничкиот шут.

Резултати на 7-ми март (ESPN)

Андре Драмонд со 31 поен ги предводеше Детроит Пистонс до триумф против Минесота Тимбервулфс, со 131:114.

Бредли Бил имаше 30, поен помалку од Лука Дончиќ на спротивната страна, но Вашингтон го победи Далас со 132:123.