ПОЧЕТНА НБА Нов ден, нова ужасна повреда во НБА

Нов ден, нова ужасна повреда во НБА

сподели

По Гордон Хејворд, НБА ја потресе уште една тешка повреда на кошаркар од кого многу се очекуваше оваа сезона.

Плејмејкерот на Бруклин Нетс, Џереми Лин ја скина тетивата на коленото во натпреварот со Индијана Пејсерс и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Тој се повреди во средината на последната четвртина кога незгодно доскокна по положувањето преку еден противнички играч. За 25 минути на теренот Лин постигна 18 поени и четири асистенции.

Плејмејкерот и минатата сезона имаше проблеми со задната ложа поради што одигра само 36 натпревари.