ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нов Американец во Фени!

Нов Американец во Фени!

сподели

Во тешките моменти во кои во прашање е доведен и опстанокот на клубот, Фени Индустри донесе засилување за преостанатиот дел од сезоната.

Во Кавадарци допатува американскиот интернационалец Девон Вокер кој досега беше член на Босна и играше во АБА 2 лигата. Некогашниот европски шампион, како и Фени, е во тешка финансиска криза и играчите бараат алтернатива.

Вокер игра на позициите 3 и 4 и пред да дојде во Европа играл за Универзитетите Флорида и Трој. Во АБА 2 лигата како член на Босна одиграл девет натпревари со просек од 5,7 поени и три скока.

„Среќен сум што ќе играм во поранешниот балкански шампион Фени Индустри. Слушнав убави работи за клубот кој можеби сега е во мала криза, но се надевам дека брзо ќе излезе од неа”, изјави Вокер за basketball.mk.

Своето деби во новиот клуб Американецот треба да го има во дуелот со најтрофејниот македонски клуб Работнички.