ПОЧЕТНА Интернационалци Ново добро издание на Ѓуроски

Ново добро издание на Ѓуроски

сподели

Хуеска ја оствари втората победа во сезоната триумфирајќи на домашен терен против Прат Хувентуд со 97:86.

Како и во првото коло со Реал Бетис, значајна улога одигра македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски.

Тој помина најмногу време на теренот од сите играчи на Хуеска (25 минути) и за тој период постигна 11 поени, 2 скока и 2 асистенции.

Аплицирајте веднаш за

Ѓуроски одлично ја почна својата шпанска епизода. Во првите три кола за Хуеска има просек од 12 поени, а неговиот тим е на делба од 3. до 10. место со пет бода.