ПОЧЕТНА НБА Ново големо признание за чудесниот словенечки тинејџер

Ново големо признание за чудесниот словенечки тинејџер

сподели

Екипата на Далас забележа нов пораз на гостувањата, сега од Бостон со 114:93.

Лука Дончиќ одигра уште еден добар натпревар, но не можеше да му помогне на својот тим да стигне до победа против поквалитетниот противник. Во 29-те минути колку што помина на теренот, Словенецот постигна 19 поени, 9 скока и 4 асистенции.

И на овој натпревар имаше неколку одлични потези со кои ја крена публиката на нозе, но сепак Селтикс се во моментов далеку поквалитетен тим и тоа го докажаа на теренот и покрај отсуството на најдобриот нивни играч, Кајри Ирвинг.

Аплицирајте веднаш за

Иако е дебитант во лигата, Дончиќ игра фантастично и со само 19 години прерасна во вистински лидер на Маверикс. Тоа го препозна и НБА, па на словенечкото чудо од дете му го додели признанието за најдобар дебитант на Западот за декември.

Тоа е сосема логична одлука, бидејќи Лука постигнуваше во просек по 21,1 поен во претходниот месец и имаше нешто повеќе од шест скока и асистенции, а впечатокот што го оставаше и маестралните потези со кои ја воодушевуваше публиката ширум НБА терените беа уште поубедливи од сувите статистики и бројки.

Сега вниманието е насочено кон Ол-стар натпреварот, каде целата јавност очекува Дончиќ да биде стартер. Во исто време, Кевин Нокс кошаркарот на Њујорк Никс беше избран за најдобриот дебитант на исток за декември.