ПОЧЕТНА НБА Новото чудовиште во НБА лигата!!!

Новото чудовиште во НБА лигата!!!

сподели
sbnation

Се уште не игра во најсилното кошаркарско првенство на светот, но јасно е дека тоа е неговата следна дестинација. Прашање на време е само кога, тој ќе облече дрес на една НБА франшиза.

Зајон Вилијамсон е член на колеџот Дјук, има 18 години, висок е 201 сантиметрар, а има 129 килограми телесна маса. Само Бобан Марјановиќ (221, 132, 30), од сите професионални кошаркари преку Океанот, е помасивен од тинејџерот.

Аплицирајте веднаш за

Најавите се дека Вилијамсон излегува на драфтот следната година, што значи веќе му е скроен планот кој ќе го бира и каде ќе игра, останува само да дознае и јавноста на денот кога ќе се бираат новите НБА ѕвезди.

Во победата на Дјук против Кентаки, Вилијамсон го покажа сиот свој раскошен потенцијал, игра на позицијата 4, а тренерот на Голден Стејт Вориорс (Стив Кер) изјави дека ова е најдобриот играч што тој го видел, по Леброн Џејмс.