ПОЧЕТНА НБА Новото пеколно трио во НБА лигата

Новото пеколно трио во НБА лигата

сподели

Додека на терените низ САД, Лејкерс се обидуваат конечно да се вратат во плеј-офот, раководството на франшизата од Калифорнија напорно работи на создавање тим за шампионска титула.

Процесот веќе почна со ангажманот на Леброн Џејмс, но подеднакво интересно ќе биде и идното лето за кога се планирани уште две големи ѕвезди на НБА лигата. Неколку извори веќе најавија дека Кевин Дурант и Ентони Дејвис веќе се „на пат “ за Лос Анџелес и заедно со Леброн идната сезона ќе го носат „жолто-виолетовиот“ дрес.

Аплицирајте веднаш за

Кевин Дурант игра одлично во Голден Стејт Вориорс, но таму атмосферата полека се расипува иако актуелниот шампион и натаму е прв фаворит за титулата. Поранешниот играч на Оклахома и натаму е еден од најдобрите во НБА по конфликтот со Грин се чини дека ја игра последната сезона во тимот на Голден Стејт.

https://twitter.com/Jarrettjack03/status/1063166650726391810

Ентони Дејвис и минатото лето беше интересен за Лејкерс, но неговиот договор со Њу Орлеанс не му дозволи да се пресели во Калифорнија. Тој е врзан со Пеликанс на уште две години што ја комплицира ситуацијата на екипата од Лос Анџелес, но постои верување дека Лејкерс имаат што да понудат во размена за него.

Додека траат операциите за Дурант и Дејвис, медиумите и обложувачниците во САД шпекулираат за тоа каде ќе игра Леброн Џејмс. За да остане во Лејкерс, квотата е 1,5, да се пресели во Голден Стејт – 3, Филаделфија – 5, а во Њујорк – 7,5.