ПОЧЕТНА НБА НОВА ГОДИНА, НОВ РЕКОРД – Харден не запира!

НОВА ГОДИНА, НОВ РЕКОРД – Харден не запира!

сподели
nba.com

Хјустон забележа нова победа, против Мемфис со 113:101, што претставува 5-та во низа за Рокетс, односно 10-та на последните 11 натпревари.

За оваа фантастична победничка серија на Хјустон најзаслужен е незапирливиот Џејмс Харден, кој во моментов е најголем конкурент за признанието МВП во регуларниот дел од сезоната. Брадата запиша трипл-дабл со 43 поени, 10 скока и 13 асистенции, продолжувајќи ја одличната поентерска форма.

Со најновото блескаво издание, стана првиот кошаркар во НБА на кој му успеало да постигне 35 или повеќе поени со 5 или повеќе асистенции на 8 натпревари во низа. За Харден ова беше 10-ти натпревар по ред на кој постигнува над 30 поени.

Со најновата победа, Хјустон се искачи на делба на 4-тата позиција на Западот, заедно со ЛА Клиперс со идентичен скор од 21 победа и 15 порази. Следен предизвик за Харден и соиграчите е големата пресметка со актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс.

Резултати на 1-ви јануари 2019 (ESPN)

Новогодишната ноќ беше магична за остварување на трипл-дабл учиноци. Расел Вестбрук го предводеше својот тим Оклахома до убедлива победа над Далас со 122:102, со 32 поена и по 11 скока и асистенции. Солиден настап забележа и Џорџ кој постигна 22 поена.

Кај гостите, најрасположен беше Барнс со 25 поени. Лука Дончиќ имаше просечен настап на кој забележа 17 поени, 6 скока и 3 асистенции.