ПОЧЕТНА Интернационалци Ништо ново: Ѓуроски одличен, Хуеска гази

Ништо ново: Ѓуроски одличен, Хуеска гази

сподели

Уште една убедлива победа на тимот на Хуеска чиј член од оваа сезона е македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски.

Пред своите гледачи, тимот од Арагон славеше против Касерес со 86:59 за четврта победа во петтиот натпревар во шпанската Втора лига.

Нашиот крилен играч повторно беше најдобрите во својата екипа, а на теренот помина најдолго од сите во Хуеска – 26 минути. За тој период постигна 13 поени, четири скока и две асистенции за индекс 15. Поефикасни од него беа само Хоус со 18 и Аукстикалнис со 14 поени.

Аплицирајте веднаш за

По некомплетното петто коло Хуеска е на делба на првото место со уште четири екипи, а на нив може да им се придружи и Гранада ако ја совлада Барселона Б.