ПОЧЕТНА Интернационалци Николов се пресели во Петким во потрага по поголема минутажа

Николов се пресели во Петким во потрага по поголема минутажа

сподели

Кристијан Николов до крајот на сезоната ќе биде член на турскиот второлигаш Петким.

Во потрага по поголема минутажа и искуство, тој одлучи да го напушти Јешилгиресун и да се пресели во тимот од Измир, кој што во моментов се наоѓа на последното место на табелата во втората лига, но идентичен биланс од четири победи и 14 порази имаат и двете екипи пред него.

Тоа ќе биде петти клуб во Турција за кошаркарот роден во Скопје, кој што има турско државјанство. Почна во Галатасарај, играше и во Трабзон и Истанбул Беледијеспор, а последната сезона ја почна во Јешилгиресун.