ПОЧЕТНА АБА Не чека кошаркарска војна

Не чека кошаркарска војна

сподели
фото: Crvena zvezda mts

Во екипата на Будуќност очекуваат неизвесна финална серија и се надеваат на исход идентичен како минатата сезона. Идентично како и лани, Звезда има предност домашен терен.

Немања Гордиќ е поранешен играч на Партизан, беше избран за МВП на минатото финале во кое што екипата од Подгорица ја освои титулата по што сезонава, не толку успешно, игра(ше) во елитната Евролига.

„Тоа финале е зад нас, но тоа е едно големо искуство за сите нас. Се обидуваме да им го пренесеме тоа на играчите што дојдоа сезонава, во нашата екипа.

Мислам дека тоа ќе биде кошаркарска војна, но воедно мислам и дека сме подготвени за секаков предизвик.“ – се зборовите на Гордиќ.

Црвена звезда ја совлада екипата на Будуќност два пати во регуларниот дел на сезоната, двете полуфинални серии завршија со 2:1, со тоа што црногорскиот претставник победи во мајсторката во Загреб против Цедевита.

Првиот натпревар, во серијата 2-2-1, се игра на 12-ти април во домот на Црвена звезда, салата „Александар Николиќ“ во Белград, поранешен Пионир.