ПОЧЕТНА НБА Не оди се според планот?

Не оди се според планот?

сподели

Најдобриот кошаркар на денешницата, ја почна одисејата во Лејкерс со пораз. Составот од ЛА загуби кај Портланд со 128:119, а Кралот во првиот меч сезонава имаше 26 поени со 12 асистенции.

Најдобриот кај домашните, Дејмијан Лилард постигна 28 поени, од клупата му помогна Ник Стаускас со 24 поени. Оваа победа е 18-та домашна на отворањето на една сезона, со што оваа франшиза го продолжи НБА рекордот.

Аплицирајте веднаш за

Победата против ЛА Лејкерс, е 16-та во низа за тимот од Орегон. Мечот почна со едноминутно молчење во чест на сопственикот Пол Ален, кој што неодамна почина на 65 годишна возраст, од лимфома.

Филаделфија победи против Чикаго со 127:108, Бен Симонс имаше трипл-дабл учинок со 13 поени, 13 скока и 11 асистенции, а Џоел Ембид додаде 30 поени со 12 скока за победникот. Првиот пик на драфтот, Маркел Фулц имаше 12 поени со 5/15 што беа најмногу удари кон кошот од еден играч на Сиксерс.

Мајами славеше кај Вашингтон со 112:113, победничкиот кош го постигна Кели Олиник по промашувањето на Двејн Вејд, на 0.2 секунди до крајот на мечот.