ПОЧЕТНА Некатегоризирана Не оди без Перо Антиќ!!!

Не оди без Перо Антиќ!!!

сподели

Без македонскиот интернационалец, Црвена Звезда доживеа уште еден убедлив пораз во Евролига.

Басконија пред своите гледачи славеше со 103:84 и им ги сведе на “црвено-белите” на минимум шансите за пласман во плеј-офот.

 

Звезда парираше само до 11:11, потоа Басконија направи серија од 11:0 и до крајот не му дозволи на противникот да се доближи.

Речиси сите кошаркари на Звезда беа индиспонирани во нападот, а за одбраната најдобро зборуваат 103. примени поени.

Звезда успеа да дојде само нд 33:43 пред крајот на втората четвртина, но Басконија до полувремето зголеми на +13 (53:40).

Играч на мечот беше Родриг Бобуа кој особено во второто полувреме буквално ги малтретираше кошаркарите на Звезда. Погодуваше од секаде, постигна вкупно 25 поени и никој од гостинската екипа не можеше да го запре.

Изненадувачки, најдобар играч кај Звезда беше новиот член на тимот Дилан Енис кој реализира 22 поена. Сепак, без Антиќ во одбраната тешко е да се игра против екипа како Басконија, па српскиот и регионален шампион го претрпе четвртиот пораз во последните пет кола од Евролига.