ПОЧЕТНА Некатегоризирана НЕ Е ШЕГА: Леброн може да се пресели во Голден Стејт?

НЕ Е ШЕГА: Леброн може да се пресели во Голден Стејт?

сподели
ESPN

Ако шампионската франшиза успее да креира финансиски простор за ангажман на најдобриот кошаркар на денешницата, тогаш многу веројатно Вориорс и Леброн Џејмс ќе седнат на преговарачка маса, јавува американскиот медиумски магнат ЕСПН.

Нема јавни индикации дека во редовите на Голден Стејт се размислува за ваков чекор, но истите извори кои што го најавуваат можното сценарио, велат дека од почит кон победничката култура на Вориорс, Леброн ќе ги сослуша што имаат да кажат.

Леброн Џејмс

Се очекува наредното лето Леброн да се откаже од опцијата што ја има – 35.6 милиони долари, со цел да стане слободен агент. Главната причина за тоа, се заладените односи меѓу првата ѕвезда на Кавалирс (и на НБА лигата) со сопственикот Ден Гилберт.

Воедно, нестабилноста на фронт-офисот на франшизата од Кливленд, а од друга страна силната организациска поставеност на Голден Стејт и можноста да се освојат уште многу титули, се нешто што секој ветеран би го земал в предвид во ваква ситуација, се вели во статијата на ЕСПН.

Игудала и Томпсон

Ако дојде до разговори за ангажман на Леброн Џејмс во Голден Стејт, тогаш во спротивен правец би тргнале Клеј Топмсон и Андре Игудала, со цел да се испразни салари капот кој што е предвидениот лимит за плати на еден НБА колектив.

Потоа, Кевин Дјурант би требало да се откаже од опцијата што ја има за максимален договор и да зема уште помала плата од сегашната (25 милиони долари) за која што исто така се жртвуваше при преминот од Оклахома Сити, а воедно ќе треба и да се дополни ростерот (клупата) со играчи кои што заработуваат минимална плата (околу 1 милион долари).

Ако се формира тандемот Кевин Дјурант – Леброн Џејмс, тоа ќе биде најсилното дуо во историјата на кошарката.

Голден Стејт Вориорс имаат 135 милиони долари одлив за платите на играчите, што во моментов е најмногу од сите екипи во НБА лигата.

Изворите кои што го искреирале ова сценарио, велат дека не се исклучува и сценариото Леброн Џејмс повторно да потпише нов договор со Кливленд Кавалирс.