ПОЧЕТНА НБА Не е Тексас за Мело…

Не е Тексас за Мело…

сподели

Пред почетокот на сезоната беше најавуван како големо засилување за Хјустон Рокитс во трката за шампионската титула, но воопшто не ги оправда очекувањата.

Затоа, по само 10 натпревари, менаџментот на тимот одлучи да ја прекине соработката со 10-кратниот Ол Стар, Кармело Ентони и да му се заблагодари за досегашната соработка.

„По многу интерни дискусии, одлучивме пријателски да се разделиме со нашиот досегашен играч Кармело Ентони. Тој беше максимално професионален и посветен и притоа ја извршуваше секоја улога што му беше доделена од тренерот Д’Антони.

Придобивките што ги предвидовме, кога Кармело одлучи да потпише со нас не се материјализираа, па така одлучивме дека најдобро е да се разделиме, бидејќи каков било друг епилог би бил неправеден кон него”, стои во официјалното соопштение од Рокитс.

Кармело е трет пик од 2003 година, во еден од најсилните драфтови по играчки квалитет, бидејќи истата година избрани беа играчи како Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Крис Бош и уште неколку ѕвезди кои направија одлични НБА кариери. Освен што 10 пати учествуваше на натпреварите на сите ѕвезди, тој е и е еден од единаесетте играчи во НБА историјата со просечен учинок од 24 поени, 6 скокови и 3 асистенции.

Исто така, Мело е носител на три златни олимписки медали во дресот на САД и е убедливо најдобриот поентер и скокач на Американците на Олимијадите.

При договорот со Хјустон, тој прифати да има епизодна улога како помош за првите ѕвезди Харден и Пол, но не се прослави па сега среќата ќе ја бара во некој друг НБА тим. Наводно, понуди за него има од Голден Стејт, Филаделфија, Њу Орлеанс и Лејкерс, но не е исклучено ова да значи и крај на неговата играчка кариера.