ПОЧЕТНА НБА Не е важно кој колку поени ќе постигне, битно е која екипа...

Не е важно кој колку поени ќе постигне, битно е која екипа ќе победи

сподели
spokesman.com

Џон Вол го реализира личниот рекорд на сезоната со 36 поени, имаше и 11 асистенции во триумфот на Вашингтон по дополнителните минути против Хјустон, со 135:131.

Бредли Бил имаше 32 поена кај победникот, што е изедначување на неговото најдобро поентерско остварување сезонава.

Аплицирајте веднаш за

Водечкиот стрелец во НБА лигата, Џејмс Харден имаше 54 поени, што и за него е најмногу сезонава, зачинети со 13 асистенции.

Ерик Гордон додаде 36 поени, негов најдобар поентерски учинок езонава, во поразот на Хјустон.

Кевин Дјурант имаше 49 поени, Клеј Томпсон постигна 29 и иако кај шампионот немаше друг двоцифрен стрелец, овие двајца се изборија за триумф против Орландо со 116:110.

Никола Вучевиќ е во животна форма, имаше 30 поени со 12 скока и 6 асистенции, а Теренс Рос постигна 28 поени за 28 минути на паркетот, во поразот на Меџик.

Резултати на 27-ми ноември (ESPN)

Кајри Ирвинг постигна 26 поени, имаше и 10 асистенции во победата на Бостон против Њу Орлеанс со 107:124. Ентони Дејвис имаше 27 поени кај поразениот домаќин.

Џереми Ламб постигна 21 поен во победата на Шарлот против Милвоки со 110:107, Адетокумбо имаше 20 поени за поразените. Ковингтон реализира 25 поени во триумфот на Минесота против Кливленд со 102:95, на спротивната страна Корвер имаше 25.