ПОЧЕТНА А Репрезентација НЕ ВО НЕГОВИОТ ДОМ: Остриот поглед на капитенот!

НЕ ВО НЕГОВИОТ ДОМ: Остриот поглед на капитенот!

сподели
fiba.basketball

Мечот со Романија почна млитаво, нежно и неразбирливо индолентно за еден меч што треба да ти го насочи животот, но навреме се разбудивме.

Фати ме, ако можеш – Војдан Стојановски во дуел со двајца романски репрезентативци (фото: fiba.basketball)

Оваа победа за Македонија значи мирни води пред гостувањето на Косово во Скопје, а разликата (90:76) ни нуди мирна глава пред нашето гостување во Романија.

Тоа се клучните два дуела, односно последните два, а сите се клучни. Таков беше и овој со Романците, на кој што во текот на целиот натпревар, палката беше кај капитенот.

fiba.basketball
Аплицирајте веднаш за

Војдан Стојановски имаше најдобра валоризација (+33), постигна 21 поен колку што имаше и Бојан Трајковски, со што беа најдобри стрелци.

Имаше 13 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки. Шутот му беше 7/11 за 2 поена, 1/4 за три поена (ја погоди клучната тројка за одлепување, на истекот на првото полувреме за +8) и пефректни 4/4 за еден поен.

fiba.basketball

Се налути Војдан, по статистички лошиот меч на Косово и еве го резултатот.

Пргав, желен за победа, жесток во секој дуел, беспоштедно посветен на репрезентацијата. Тоа е нашиот капитен…