ПОЧЕТНА АБА Не било до Ѓикиќ…

Не било до Ѓикиќ…

сподели
фото: ABA liga

Будуќност го избрка тренерот на нешто повеќе од 24 часа пред дербито со Црвена Звезда, но тоа не донесе промена во резултатите на бранителот на титулата во АБА лигата.

Напротив, црногорскиот вицешампион го претрпе седмиот пораз во низа сметајќи ги сите натпреварувања откако загуби од Црвена Звезда со 86:72. Три четвртини Будуќност изгледаше мошне солидно, најави дека може да направи изненадување кога на две минути пред крајот на третата четвртина поведе со 63:55, но тука застана.

Во следните шест минути, сметајќи го и стартот на последниот период, Звезда направи серија од 16:0, првиот кош гостите го постигнаа на средината од четвртата четвртина, а дотогаш промашија седум обиди за тројка. Кога српскиот шампион направи предност од осум разлика, Будуќност почна и да брза и тоа им ја олесни работата на „црвено-белите“, па тие само рутински го приведоа натпреварот кон крај, користејќи ги притоа сите грешки на противникот.

Апсолутен херој на мечот беше грчкиот интернационалец Стратос Перпероглу кој постигна 23 поени. Се истакна и Бориша Симаниќ со дабл-дабл од 14 поени и 12 скока. Кај Будуќност најефикасен беше Норис Кол со 21 поен, а Гордиќ додаде 14, но буквално исчезна во второто полувреме.

извор: ABA

По 13 кола во АБА лигата, Звезда е убедливо првопласирана со максимален ефект, додека Будуќност остана на третата позиција со осум победи и пет порази.

За двете екипи нема голем одмор бидејќи на 2 јануари Звезда го пречекува Лимож на стартот од новата фаза во Еврокупот, а следниот ден Будуќност гостува кај Милано во 16-тото коло од Евролигата.