ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА НЕШОВИЌ: Перо може уште да игра, се вративме во минатото, МЗТ е...

НЕШОВИЌ: Перо може уште да игра, се вративме во минатото, МЗТ е фаворит во вечното дерби

сподели
Перо Антиќ и Борис Нешовиќ

Една од легендите на Работнички, што настапи на хуманитарниот меч меѓу поранешните и сегашните играчи на Работнички, беше неповторливиот снајперист, Борис Нешовиќ.

Сите граѓани кои сакаат, можат да донираат на жиро сметката 320500027414994 Централна Кооперативна Банка АД Скопје, со назнака донација за Ирена Танчева, како и на телефонските броеви 070143115 (Т-Мобиле) и 143500 (ВИП/Оне). Ирена е мајка на две деца и мора да се оперира во Русија.

Нешовиќ играше во Работнички во периодот 1999-2001, виде и добро и лошо, титули и првиот пораз (2000-та, од Никол Ферт) во финалните серии.

Аплицирајте веднаш за

Го прашавме како е да се трча по паркетот каде што некогаш беше престиж да се чекори, а тој се отвори:

„Многу е тешко, на 47 години да трчаш со помлади колеги, а и со повозрасните од кои некој уште може активно да игра… Антиќ!!!

Натпреварот побуди многу емоции и не врати во некои времиња, кога ние (Работнички) кажувавме каква кошарка се играше во Македонија.“

Новата сезона донесе едно ново правило, а тоа е задолжително присуство на тројца македонски играчи на теренот. Како Нешовиќ ја гледа оваа натпреварувачка година?

„Сезоната е на почеток и екипите се горе-долу тука според квалитетот, отскокнува МЗТ Скопје и мислам дека е главен фаворит за титулата.

Ме радува податокот што ќе гледаме домашни играчи во секоја екипа и е добро од една страна што се мисли долгорочно, но ќе падне драстично квалитетот на екипите, зашто тие македонски играчи се уште не го носеле товарот на играта, туку играле епизодна улога. И публиката мора да се навикне на тој квалитет!“

Минатата сезона, центарци се вратија од Аеродром со скалпот на домаќинот.

Најголемиот натпревар во нашата клупска кошарка бил и секогаш ќе биде, пресметката меѓу Работнички и МЗТ Скопје. Првото дерби е на 12-ти ноември во СЦ „Јане Сандански“.

„Мислам дека МЗТ Скопје влегува како благ фаворит во првото дерби сезонава, поради поголемиот ростер и домашниот терен.

Но, ова не мора и во реалноста да се оствари, бидејќи ваквите мечеви ги одлучува моменталната инспирација, ден и среќа.

Очекувам полна сала, убава кошарка и нека победи подобриот.“ – вели Нешовиќ за basketball.mk.