ПОЧЕТНА НБА Нетс ги шокираа Кингс, Клиперс конечно дома ги победија Пејсерс

Нетс ги шокираа Кингс, Клиперс конечно дома ги победија Пејсерс

сподели
фото: Nets

Бруклин губеше со -25 на влезот во последниот период, но се врати и извојува победа од 121:123 против Сакраменто, во обидот на двете екипи да си обезбедат што подобра позиција на крајот на сезоната.

Нетс имаат плеј-оф резултат, 37/36 на 7-та позиција на Истокот и 3 победи повеќе од Мајами на 11 меча до крајот.

Кингс имаат 34/36 и 8 победи помалку од Клиперс кои што се на 8-та, последната позиција што води во плеј-офот.

Резултати на 20-ти март (ESPN)

Тимот од ЛА конечно ја победи Индијана во Стејплс центарот, со 115:109, прв пат по 2014-та година.