ПОЧЕТНА Некатегоризирана Нестварното остварување на Џејмс Харден

Нестварното остварување на Џејмс Харден

сподели

Брадата постигна 60 поени зачинети со 11 асистенции и 10 скока, во победата на Хјустон против Орландо Меџик со 114:107. Првата ѕвезда на Рокетс е првиот во историјата на НБА лигата, со 60 поени во трипл-дабл.

Тој постигна 18 поени во последниот период со што го надмина претходниот рекорд на Хјустон, 57 поени на еден натпревар, што беше сопственост на Келвин Марфи кој што сега работи во ТВ бродкастинг тимот на натпреварите на тексашаните.

Ова беше натпревар број 4 за Џејмс Харден сезонава, односно натпревар број 9 во неговата кариера, со преку 50 поени. Во ноември за малку му избега рекордот на франшизата, кога постигна 56 поени против Јута Џез.

Харден одигра 46 минути и 26 секунди што е најмногу во неговата кариера, на еден натпревар со регуларно време без продолженија. Учинокот му е посилен затоа што го имаше главниот збор на меч на кој што Хјустон играше без другите ѕвезди во ростерот.

Крис Пол има проблеми со препоните, Тревор Ариза има истегната задна ложа, двајцата останаа на клупа и не излегоа на терен.

Ерик Гордон, кој што е втор стрелец на екипата на Хјустон, го напупшти натпреварот на стартот на втората четвртина поради проблеми со грбот.