ПОЧЕТНА Избор на уредникот Непознат војник доаѓа во МЗТ Скопје?

Непознат војник доаѓа во МЗТ Скопје?

сподели

Редовите на македонскиот шампион не мируваат. Од стартот на сезоната има турбуленции во ростерот, со цел да се најде вистинската добитна формула.

МЗТ Скопје имаше свои минути на неколку натпревари, извојува две важни победи (Партизан и Игокеа), но воедно и загуби неколку средби, што беа порази на кои што не беше сметано пред стартот на натпреварувачката година.

На почетокот беше најавувано дека екипата од Аеродром ќе биде целосно македонски бренд, но подоцна стратегот на МЗТ, Александар Тодоров изјави дека не сака да биде жртва на таквата (и негова) почетна определба, која што во моментов, според квалитетот на нашите играчи, не може да вроди со плод.

Аплицирајте веднаш за

Доминик Мавра веќе слета од Хувентуд во „Јане Сандански“ и потпиша со шампионот, поради температура не играше со Мега Бемакс. Во текот на неделата се очекува тоа (да потпише) да го направи и Ѓорѓе Мајсторовиќ, кој што минатата сезона играше за Партизан.

Неофицијално дознаваме, дека во игра е уште едно име, кое што се држи во строга тајност. Не се знае позицијата и квалитетот на играчот, што може да биде најава за голем трансфер во редовите на македонскиот шампион.

Ќе почекаме, од МЗТ знаат да изненадат …