ПОЧЕТНА Интернационалци Нено загуби од Реал, Војдан победи кај Алба

Нено загуби од Реал, Војдан победи кај Алба

сподели

Македонскиот плејмејкер постигна 8 поени, имаше и три скока со две асистенции за 19:10 минути игра, во поразот на Хувентуд од Реал со 74:83.

Екипата од Бадалона падна од 4-та, на 6-та позиција на табелата во АЦБ лигата. Лидер е Барселона пред Реал, односно Басконија, Валенсија и Уникаха пред Хувентуд, по што следат Манреса и Тенерифе до позициите што водат во плеј-офот.

Олденбург се радуваше кај Алба во Берлин, со 78:94. Нашиот капитен Војдан Стојановски имаше 4 поени, со 3 коска и 2 асистенции, за 18 минути игра.

Олденбург е на втората позиција во Бундеслигата, со 18/4, зад евролигашот Баерн Минхен со 20/2, по 22 одиграни кола во германскиот шампионат.