ПОЧЕТНА ЕВРОПА Нено добива искусен НБА и Евролига соиграч

Нено добива искусен НБА и Евролига соиграч

сподели
Дуел меѓу Јан Весели (Вашингтон) и Лук Харангоди (Кливленд), во сезоната 2011/12.

Македонскиот репрезентативец ќе има од кого да учи во сезоната што претстои, затоа што неговата екипа се засилува со едно од имињата кои што долго време се на големата сцена, со богато искуство од најсилните натпреварувања.

Во Хувентуд Бадалона доаѓа Лук Камерон Харангоди, кој што минатата сезона играше во германската екипа Ратиофарм Улм, со просек 8.5 поени и 5.5 скока по натпревар.

Договорот е потпишан на една година, а Ненад Димитријевиќ директно ќе „соработува“ со високиот играч, особено во пик-енд-рол играта.

Аплицирајте веднаш за

Американскиот интернационалец ја почна професионалната кариера во екипата на Бостон Селтикс, во сезоната 2010/11. Потоа играше и за Кливленд Кавалирс, наредната натпреварувачка година.

Европската епизода ја почна по преминот од Форт Вејн во УНИКС Казан, во сезоната 2013/14. Потоа настапуваше за Валенсија и за Дарушафака.

Лук Харангоди има 30 години (203 см) и може да игра на позициите 4 и 5, иако природна му е позицијата крилен центар (4).