ПОЧЕТНА Интернационалци Нено го имаше секаде, драматична победа на Хувентуд

Нено го имаше секаде, драматична победа на Хувентуд

сподели

Каталонската екипа чиј член е македонскиот репрезентативец ја прекина серијата одн три порази и ја задржа шестата позиција на табелата во АЦБ лигата.

Пред своите навивачи Хувентуд славеше со 88:85, а тројката за победа ја постигна Лапровитола во последната секунда. На седум кола пред крајот на првенството тимот од Бадалона е на шестото место и се поблиску до пласман во плеј-офот.

Нено Димитријевиќ беше еден од најдобрите во својата екипа. За 17 минути во игра постигна 7 поени, 6 скока и 4 асистенции и вкупен индекс 17.

Повисока валоризарија од него имаше само Лук Харангоди кој оствари дабл-даб од 20 поени и 12 скока и индекс 29.