ПОЧЕТНА Интернационалци Нено го излуде Реал, но Хувентуд уште не е дораснат

Нено го излуде Реал, но Хувентуд уште не е дораснат

сподели

Три четвртини тимот од Бадалона му парираше на актуелниот европски шампион за во последната да доживее тотален дебакл.

На крајот 92:69 за Реал Мадрид иако Хувентуд три четвртини беше рамноправен, на моменти и подобар противник. Последниот период домашниот тим го доби со 27:9, а каталонската екипа беше без постигнат кош седум минути.

Една од причините за тоа е повредата на Доминик Матајас во првото полувреме со што дополнително се скрати ротацијата на Хувентуд.

Аплицирајте веднаш за

Ако нешто е добро од овој меч, тоа е одличната игра на македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ.

На теренот помина речиси 26 минути и беше најдобар стрелец во својата екипа со 15 поени на кои додаде три скока и две асистенции за индекс 15. Особено беше добар во првото полувреме кога со неколку потези ги излуде противничките кошаркари.

Тоа е продолжение на добрите игри на нашиот кошаркар на почетокот од новата сезона.