ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Немир за Пеце и Владо: Трет кандидат за глава на МКФ?

Немир за Пеце и Владо: Трет кандидат за глава на МКФ?

сподели

Петар Наумоски и Владо Илиевски нема да бидат единствените кандидати за претседател на Македонската кошаркарска федерација. Basketball.mk дознава дека тие ќе имаат конкуренција на вонредното Собрание.

Наводно, во трката ќе се вклучи поранешен кошаркар на Куманово кој веќе собира потписи за својата кандидатура и деновиве ќе ги достави до Федерацијата.

МКФ го закажа датумот – 11-ти февруари. Прво треба да се гласа доверба на Наумоски, по што, ако му се изгласа недоверба на актуелниот кој што е на позицијата од 2015-та, ќе се пристапи кон избор на нов претседател.