ПОЧЕТНА А Репрезентација НЕМА ФЕРКА СО НЕГО: Курчо ги нокаутира неговите!!!

НЕМА ФЕРКА СО НЕГО: Курчо ги нокаутира неговите!!!

сподели
Костоски во гард - вака ги слави постигнатите поени (фото: fiba.basketball).

Кога е во елемент, бегајте. Ако ја погоди првата тројка, црно ви се пишува. Александар Костоски е мозокот на оваа репрезентација!

Потенцијалот во него, не се мери. Има 30 години, нема блескава клупска кариера во елитните натпреварувања, но неговите потези оставаат без здив. Кога тој сака да игра, ниедна сила не може да го сопре. Последната серија квалитетни натпревари, тој и оваа генерација ја одиграа 2015-та, на ЕП во Загреб.

Не ја поминавме групата, но видовме дека можеме со сите, па и со НБА Грција. Разликата на тој меч и неуспехот во првата фаза на тоа ЕП, беа резултат на нијанси кои што не се поврзани (само) со нашата кошарка, но тоа е друга тема.

fiba.basketball
Аплицирајте веднаш за

Оваа тема, вели дека сме печени за враќање во европскиот кошаркарски репрезентативен врв, нешто што најдобро го почувствуваа Романците (90:76). Целта е од овие претквалификации, да се вратиме во квалификациите за ЕП 2021.

Александар Костоски постигна 13 поени (3/5 за 2, 2/4 за 3, 1/2 за 1 поен), имаше 5 асистенции и 5 скока. Против играчите од лигата каде што играше претходните 2 сезони, се разбуди по мечот без поени на Косово.

Ваквиот Костоски ќе ни треба и на гостувањето, кога може да се случи да си ја решаваме судбината, ако Романците победат против Косово во првиот меѓусебен дуел. По овој меч ние играме дома со Косово, потоа одиме во Романија, а на крајот Романија патува за Приштина.