ПОЧЕТНА НБА Нема спас од чудовиштето Дејвис

Нема спас од чудовиштето Дејвис

сподели

Со триумфот против Феникс со 125:116, Пеликанс имаат 6 во низа во кои што најдобриот поединец во екипата од Њу Орлеанс постигнува по 41.5 поени, со 15.0 скока и со 3.2 блокади по натпревар.

Ентони Дејвис Имаше 53 поени со 18 скока и 5 блокади против Санс, а за време на оваа победничка серија 4 пати ја помина границата од 40 поени. Неговиот тим е на 5-та позиција на Западот, многу блиску до скор и за третата.

Мба а Муте постигна 17 поени, од кои 15 во последниот период, а Џејмс Харден имаше 26 за 13-та победа по ред на Хјустон Рокетс, во триумфот против Јута Џез со 85:96.

Кајри Ирвинг имаше 25 поени за три четвртини игра, во победата на Бостон против Мемфис со 109:98. Тоа беше трета победа за екипата на Селтикс, по паузата за Ол-Стар викендот.

Пол Џорџ имаше 26 поени, Стивен Адамс 16 поени, а Расел Вестбрук 8 поени со 12 скока и 11 асистенции во триумфот на Оклахома Сити против Орландо со 112:105.

Клеј Томпсон реализира 26 поени, Кевин Дјурант додаде 22 поена со 9 скока, а Стеф Кари 21 поен во 8-та последователна победа на Голден Стејт во соочувањата со Њујорк, со 111:125. Вориорс имаат 3:0 по паузата за Ол-Стар викендот.

Резултати:

Атланта – Лејкерс 104:123
Бруклин – Чикаго 104:87
Торонто – Детроит 123:94
Далас – Индијана 109:103
Сакраменто – Минесота 100:118