ПОЧЕТНА АБА НЕМА МИР ЗА МЗТ: Пеколниот крај на сезоната, тукушто почнува

НЕМА МИР ЗА МЗТ: Пеколниот крај на сезоната, тукушто почнува

сподели

Аеродромци ги дознаа датумите за бараж средбите против Задар, во серијата до две победи од три максимални натпревари, во која што овие две екипи ќе бркаат враќање, односно опстанок во елитната АБА лига.

Македонскиот претставник беше поразен во финалето на АБА 2 лигата од каде што Приморска обезбеди АБА лига, а хрватскиот претставник е претпоследнопласиран во претходната сезона во АБА лигата, поради што ќе мора да се помачи за да остане.

Првиот натпревар се игра на 17-ти април во Задар, вториот на 23-ти април во Скопје, а третиот, ако е потребно – затоа што се игра до две победи – се игра на 30-ти април во Задар.

За штрковите ова е период во кој што играат во завршницата на Купот на РМ, од 12-ти до 14-ти април, каде што се надеваат на одбрана на пехарот, имаат АБА лига предизвик, а воедно и натпревари од Суперлигата.